Се појавија нови информации за состојбата на 22 годишниот Бове

Се појавија нови информации за состојбата на 22 годишниот Бове

Life
Advertisement

Advertisement

Натпреварот меѓу Фиорентина и Интер во Серија А беше прекинат во 17. минута откако на теренот колабираше фудбалерот на домашните, Едоардо Бове. Бове колабираше во 17. минута, а играчите веднаш формираа ѕид околу него, со цел да може да му помогне лекарскиот тим. Дел од фудбалерите беа во солзи, а натпреварот е прекинат и се поизвесно дека нема да се доигра вечерва. Бове остана да лежи неподвижен и веднаш почна паника на стадионот. Сепак, според последните информации играчот на Фиорентина може да дише самостојно, што се одлични вести. Наскоро се очекуваат официјални информации од клубот од Фиренца.

Advertisement