Advertisement
Advertisement
Вечерва, на социјалните мрежи, скопјани известуваат за намален притисок на водата во повисоките катови на зградите во некои делови од Скопје. Проблемот е забележан во населбите Влае, Тафталиџе, Карпош 3 и Карпош 4. Граѓаните тврдат дека и покрај најавата дека прекинот на водоснабдувањето ќе започне од 22 часот, намалувањето на притисокот започнало порано.
Advertisement