Advertisement
Advertisement
Ставен е под контрола пожарот кој вчера попладне избувна помеѓу Катланово и Петровец. Пожарот вчера почна да се шири кон бензинската на Окта после тунелот Катланово во правец кон Скопје.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов синоќа во видео-изјава посочи дека пожарот е пресечен и не претставува закана за бензинската пумпа која е во близина.
Advertisement