Advertisement
Advertisement
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, се сретна со ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров, кои вторпат по ред ја освоија двојната круна – титулата во Првенството и трофејот во Купот на Македонија во женска конкуренција.
Стојкоски им честиташе на ракометарките и на стручниот штаб за извонредната сезона и за континуираниот успех што го постигнуваат на национално ниво.
Advertisement