Вчера во 07:45 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во дом на негов другар на подрачјето на Кисела Вода бил пронајден починат Б.П. (36) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.