Advertisement
Advertisement
Вчера во 17.50 часот на Граничниот премин Долно Блаце, при влез во државата, полицијата го уапсила 56-годишниот Н.И од Косово.
При извршена пасошка контрола било констатирано дека лицето се бара со мерка „апси“ по барање на Интерпол – Чешка. Од МВР посочуваат дека по насока на јавен обвинител, тој бил задржан во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.
Advertisement