Уапсен криминалец баран со потерница, требало да одлежи 7 години и осум месеци затвор

Уапсен криминалец баран со потерница, требало да одлежи 7 години и осум месеци затвор

Life
Advertisement

Advertisement

Денеска полицијата во 11:20 часот на улица Бетовенова го уапсила 41-годишниот Д.М од Скопје. Уапсеното лице било барано со централна потерница издадена од Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна во траење од седум години и осум месеци за повеќе сторени кривични дела по чл.236 ст.1 (тешка кражба) од КЗ.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.

Advertisement