Украденото возило на АРМ од пред еден месец пронајдено на паркинг

Украденото возило на АРМ од пред еден месец пронајдено на паркинг

Life
Advertisement

Advertisement

Возило на АРМ кое беше украдено од автосервис во Гази Баба пред еден месец е пронајдено на паркинг во Кисела Вода.

„Вчера во СВР Скопје од АРМ е пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на Кисела Вода е пронајдено нивно товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, за кое беше пријавено дека било одземено ноќта на 27/28.04.2025 од автосервис на подрачјето на Гази Баба“, велат од полицијата.

Advertisement