Утре ден на жалост во Охрид по повод смртта на владиката Тимотеј

Утре ден на жалост во Охрид по повод смртта на владиката Тимотеј

Life
Advertisement

Advertisement

Советот на Општина Охрид денеска со акламација ја усвои предлог-одлуката за прогласување на утрешниот ден за Ден на жалост, по повод ненадејната смрт на митрополитот Дебарско-кичевски, господин Тимотеј.

Согласно одлуката на градските советници, во текот на утрешниот ден знамињата ќе бидат на половина копје, а се откажуваат сите културно забавни збиднувања на територијата на Општина Охрид.

Advertisement