ФОТО: Погледнете како вечерва изгледа местото каде згаснаа 14 животи

ФОТО: Погледнете како вечерва изгледа местото каде згаснаа 14 животи

news
Advertisement

Advertisement

На местото каде во петокот се случи голема несреќа кај Железничката станица во Нови Сад, каде при уривање на настрешницата загинаа 14 лица, завршени се сите истражни активности. Според Блиц, полицијата се повлече. На местото на несреќата останале само неколку патроли за да ги спречат љубопитните граѓани да се приближат до ова место. Местото на трагедијата се уште е оградено со лента, а најмногу што можете да се приближите до станицата е на околу 10 метри од местото на трагедијата. Вишото јавно обвинителство соопшти дека вчера сослушало 26 лица во врска со трагичниот настан во петокот кога 14 лица загинаа откако се урна настрешницата на Железничката станица во Нови Сад. Три лица го преживеале трагичниот настан и се во критична состојба.

Advertisement