Advertisement
Царинските службеници на граничниот премин Блаце открија 36,4 килограми марихуана, една од најголемите заплени оваа година, соопшти директорот на Царинската управа, Бобан Николовски. Истовремено, на преминот Јажинце биле запленети 7.847 ленти лекови.
Advertisement
Николовски во присуство на претседателот на владата, Христијан Мицкоски истакна дека оваа акција е показател за зголемената дисциплина на службениците и нивната посветеност во борбата против криминалот. Заплените во последниот квартал се зголемени за 70% во споредба со минатата година.
Advertisement