Ѓорѓиевски: Кисела Вода добива уште еден парк – со прв инклузивен сообраќаен полигон за деца

Ѓорѓиевски: Кисела Вода добива уште еден парк – со прв инклузивен сообраќаен полигон за деца

Life
Advertisement

Advertisement

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес направи увид во градежните активности за уредување на нов парк на површина од околу 1.250 м², кој ќе се простира во дел од просторот на училиштето за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“. Станува збор за досега запуштен простор кој добива целосно нова намена – ќе биде уреден како зелено катче со содржини за сите генерации.

Advertisement