Вработени во World Athletics украле милион и пол евра

Меѓународната атлетска федерација World Athletics соопшти дека двајца нејзини вработени и еден надворешен консултант ја оштетиле организацијата за повеќе од милион и пол евра во изминатите неколку години. Кражбата била откриена при првата ревизија спроведена од новото финансиско раководство на федерацијата.

Еден од осомничените веќе претходно ја напуштил организацијата, додека со другиот вработен и со консултантот договорите биле раскинати. Против нив е покрената кривична постапка, соопштија од World Athletics.

„Сите детали од случајот се доставени до судските органи, а во нашата организација воведовме засилени финансиски контроли со цел вакво нешто никогаш да не се повтори“, наведено е во соопштението.

Случајот предизвика сериозни реакции во спортската јавност, со оглед на угледот и значењето на World Athletics како водечка институција во светот на атлетиката.

By Editor

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *