Поради енормна потрошувачка на вода во Сарај се преоптовариле пумпните станици, ќе бидат без вода 10 часа

Поради енормна потрошувачка на вода во Сарај се преоптовариле пумпните станици, ќе бидат без вода 10 часа

Life
Advertisement

Advertisement

Поради енормно голема потрошувачка на вода во општина Сарај, технички се јавува преоптоварување на системот за фреквентна регулација на четирите електромоторни погонски единици во Пумпна станица Сарај, информираат од Центар за управување со кризи.

Неопходен е технички софтверски зафат со проценето време од минимум 10 часа, во кои нема да работи ПС Сарај, хидрофор Глумово, ПС Горна Матка и ПС Арнакија.

Advertisement