Advertisement
Advertisement
Доктор Никола Божиновски е избран за нов претседател на Советот на општина Бутел, соопштија од општината.
Во соопштението до медиумите се посочува дека д-р Никола Божиновски е специјализант во ЈЗУ “Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија”, како и дека живее во Бутел 2 и добро ја познава „душата на општина Бутел“.
Божиновски работи и како матичен лекар во Бутел.
Advertisement