Наставничка во основно училиште на мета на родителите поради начинот на облекување, децата ја бранат

news
Advertisement

Родителите на основците ја осудуваат нивната наставничка поради провокативното и непримерно облекување, додека децата ја бранат и поддржуваат.
Велат дека изгледот може да ви донесе многу работи во животот, но има и примери кога може да ви одмогне. Интернетот неодамна зборувал за директорот на основното училиште поради чиј изглед се пишувала и петиција, а сега на ред дошла и една наставничка од основно училиште.

Главниот проблем е тесната облека која ја носи, а која јасно и прецизно ги истакнува сите нејзини облини и атрибути. На Инстаграм ја следат повеќе од 975.000 луѓе и моментално многумина ја опишуваат како “очајна жена желна за внимание”, а се поради нејзиното облекување.

Наставничката од Њу Џерси често објавува фотографии од училиштето, а обично станува збор за фотографии пред табла, кои во прв план го истакнуваат нејзиниот задник. Иако се труди лицата на децата да не се гледаат, многу родители сметаат дека нејзиниот начин на облекување е неприфатлив.

Дури и на социјалните мрежи добива пораки во кои корисниците наведуваат дека таква облека не се носи во близина на малолетници.
Сепак, таа во една прилика изјавила дека најважно е што мислат учениците.

„Навистина сум добра наставничка. Учениците во текот на летото ми праќаа пораки во кои ми бараа домашна задача. Тие сакаат да уметност, а јас сакам да ги учам. Сакам да работам со деца“, рекла таа.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.