Пратен во притвор синот кој ја убил мајка си со два ножа и ножици, ГЈО со детали!

News

Гевгелиското јавно обвинителство отвори истражна постапка за 39-годишниот П.С. од Богданци, кој на 11 јануари околу 21 часот ја уби својата 58-годишна мајка, М.С., во станот каде живееле.

Според Обвинителството, конфликтот започнал како расправија околу лекувањето на осомничениот, која брзо преминала во физичка пресметка. Тој прво ја нападнал мајката со нож од кујната, нанел повеќе убодни рани во глава и врат. Кога ножот се скршил, продолжил со ножици, а потоа користел друг нож за сечење зеленчук со шилест дел за да ја прободе во вратот. Жената починала од крварење.

Осомничениот сам се пријавил во полицијата, а судот по барање на Обвинителството му одреди притвор за да се спречи бегство или влијание врз сведоците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *