Од 1 март стапуваат на сила новите законски измени со кои драстично се ограничува пушењето во Македонија.
Новите правила за пушачите:
-
Само на отворено: Пушењето ќе биде дозволено само на простори кои се отворени од најмалку три страни. Повеќе нема да смее да има стаклени или пластични прегради на терасите.
-
Целосна забрана пред институции: Веќе не смее да се пуши пред влезовите на болници, училишта, градинки и државни установи.
-
Казна за пушење во автомобил: Ако во приватно возило има дете, пушењето е строго забрането.
-
Јавен превоз и згради: Забраната важи и за автобуски постојки, железнички станици, како и за ходници и лифтови во станбените згради.
Кафулиња и ресторани
Угостителите ќе смеат да дозволат пушење само на тераси кои се физички одвоени и целосно отворени. Во затворениот дел на објектите пушењето останува строго забрането.
Стоп за ароматизиран тутун
Се забранува продажба на цигари со вкусови. Дозволен ќе биде само класичниот вкус на тутун. Исто така, целосно се забранува секаков вид на рекламирање на тутунски производи.
Казни
-
150 до 300 евра за граѓаните кои ќе го прекршат законот.
-
До 5.000 евра за фирмите и институциите кои нема да ги почитуваат новите правила.