Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека партијата е целосно подготвена за парламентарни избори, без разлика кога ќе се одржат.
Според него, поради лошото управување со државата, сè поизвесно е дека ќе има предвремени избори. Филипче нагласи дека времето не е пресудно – дали ќе бидат оваа година, следната или на редовниот термин во 2028 година.
„СДСМ е подготвена за изборен процес во секој момент“, истакна Филипче.