УЈП со аларм: Не чекајте го понеделник, поднесете ги овие пријави на време!

News

Не чекајте понеделник, поднесете ги вашите ДДВ – 04 пријави!,  потсетува Управата за јавни приходи.

Крајниот рок за поднесување на ДДВ- 04 пријавите и плаќање на даночниот долг за даночниот период 12/2025 И 10-12/2025 е 26 -ти јануари 2026 година понеделник, бидејќи законскиот рок 25-ти е неработен ден.
До денес, од очекуваните 42.247 ДДВ-04 пријави, поднесени се 16.025, што е близу 38% од вкупниот број на даночни обврзници кои треба да поднесат ДДВ – 04 пријава за овој даночен период.
Апелираме за навремена достава на потребните документи до сметководителите со цел навремено исполнување на законската обврска и избегнување на стрес и дополнителни финансиски трошоци.
Во период на масовно поднесување на ДДВ-04 пријавите Управата за јавни приходи ќе обезбеди континуирана техничка поддршка секој ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *