Премиерот Димитар Ковачевски синоќа ги покани сите пратеници од СДСМ на предновогодишно дружење во неговиот дом.
Средбата ја организирал премиерот по сесијата на пратенички прашања во Собранието која беше последна за оваа година.
Фотографијата ја објави пратеникот Мартин Костовски, а на фотографијата е и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
„Како пратеници имавме чест и обврска да донесеме тешки одлуки во 2022година за Македонија, на вечерашниот новогодишен прием кај Премиерот Ковачевски ја препознавам истата енергија и елан за нови историски одлуки за Македонија во 2023-та година, можеме и ќе успееме зошто стоиме на вистинската страна на историјата“, објави Костовски на Фејсбук.
Претходно, Ковачевски објави дека ќе живее и натаму во својот стан во скопско Тафталиџе додека е премиер.