(ВИДЕО) Шокантни сцени од аеродромот во Тел Авив: Луѓето лежат на пистата, додека сирените го најавуваат нападот

news
Advertisement

Бројот на загинати Израелци во денешниот напад на Хамас врз Израел се искачи на повеќе од 200, додека повеќе од 1.100 се повредени, јавуваат израелските медиуми. Шокантни видеа од Израел го обиколија светот, а едно е снимено на аеродромот во Тел Авив.

Advertisement

Многу патници останаа заробени на аеродромите во поголемите градови во Израел, додека небото е растргнато од ракети кои Хамас не престануваат да ги истрелуваат.

Една потресна сцена е снимена на аеродромот Бен Гурион во Тел Авив. Патниците се принудени да се кријат од нападот, лежејќи на пистата и покривајќи ги своите тела. Тие се обидуваат да се заштитат еден со друг и се држат за куферите.

На снимката од аеродромот се гледа дека на пистата лежат и деца. Некои патници разговараат на телефон, а судејќи по нивните лица, изгледаат многу загрижени за новонастанатата ситуација.

Сирените за аларм се слушаат во позадина во текот на целото времетраење на снимањето.

Вооруженото крило на милитантната група Хамас денеска соопшти дека истрелало 150 ракети кон Тел Авив, пренесува Ројтерс. Низ Тел Авив се слушаат сирени и повеќе од десетина силни експлозии, јавуваат новинарите на CNN од теренот, пренесува Index.hr.

Локалните медиуми јавуваат дека израелската влада ја прекина седницата поради нападот на Тел Авив.

https://x.com/nexta_tv/status/1710719212807688422?s=20

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *