Жена болна од рак пријавила дека доктор во битолската болница ѝ барал 350 евра мито за да ѝ даде хемотерапија

news
Advertisement

Штотуку оперирана онколошка пациентка во Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола, минатата недела кај директорката на болницата доктор Елизабета Ивановска,
писмено пријавила дека нејзиниот онколог од болницата ѝ побарал 350 евра мито за да ѝ даде хемотерапија. Според пријавата, не станува збор за биолошка терапија, ниту за зрачење, туку за обична хемотерапија, за која пациентката пријавила дека не можела да ја добие после операцијата, бидејќи докторот прво барал пари. Директорката Ивановска вели дека за конкретниот доктор ова е прва таква пријава, но и дека „секој може да си рече сѐ“.

Advertisement

Пациентот напиша дека докторот побарал, ама така може секој да си рече. Веќе побаравме од докторот и тој да даде писмена изјава. Сега случајот е само на „ти реков-ми рече“, изјави за „Слободен печат“ директорката Ивановска.
Таа додаде прво треба да се види што ќе одговори тој на обвинувањата, а потоа ќе се размислува за наредните чекори.

Ние му испративме барање на докторот писмено да ни даде изјава и ќе имаме дисциплинска постапка, ама прво да видиме тој што ќе напише. Како што кажува пациентот, не зел пари, туку само побарал. Ова е само пријава на пациентот и се однесува наводно за започнување со хемотерапија после операција. Според кажување на пациентката сумата што ѝ била побарана е 350 евра, така пријавува. Станува збор за повозрасна пациентка од околу 70 години, додаде Ивановска.
Извор: https://www.slobodenpecat.mk/zhena-bolna-od-rak-prijavila-deka-doktor-vo-bitolskata-bolnica-%D1%9D-baral-350-evra-mito-za-da-%D1%9D-dade-hemoterapija/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *