УЖАС ВО ШТИП: 14-годишно и 13-годишно дете ја шокираа Македонија

УЖАС ВО ШТИП: 14-годишно и 13-годишно дете ја шокираа Македонија

Life
Advertisement

Advertisement

Двајца малолетници на возраст од 14 и 13 години од Штип живеат во вонбрачна заедница. За случајот потврдуваат и од основното училиште и од Општина Штип. Ерол Адемов референт за заедниците во Општина Штип вели дека со родителите на малолетниците е извршен разговор. Забележува дека во последните години ваквите случаи се реткост. -Разговаравме со родителите и од двете страни. Децата ќе продолжат со нивното образование, вели Адемов. Тој посочува дека согласно Кривичниот законик, детските бракови се забранети и брачната заедница не може да се официјализира доколку немаат 16 години. Со донесувањето на законските измени, брак може да се склучи само доколку и двајцата партнери се минимум 16 години и имат согласност од родителите. Адемов истакна дека ова придонесува за намалување на бројот на малолетнички бракови во последните неколку години. -Значително е намален овој број. Имаме издвоени случаи каде што имаме склучување на малолетнички бракови. Но, тоа најчесто ни се случува каде што овие лица иако се на малолетна возраст веќе имаат и деца, вели Адемов. Според податоците на Државниот завод за статистика лани биле склучени 112 бракови, меѓу брачни другари кои не наполниле 20 години.

Advertisement