Вечерва почнува 9. издание на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“

Вечерва почнува 9. издание на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“

Life
Advertisement

Advertisement

Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ вечерва ќе го започне своето 9. издание.

Во Киното Фросина, во Младинскиот културен центар, во 20 часот е црвениот тепих, а во 20.30 почнува церемонијата на свеченото отворање и проекција на филмот „Јон Вардар против Галаксијата“ во режија на Гоце Цветановски, кој е во официјалната селекција за награда на Фестивалот.

Advertisement