Се разгоре пожарот на Беласица, огнот се приближил до црквата Св.Петар и Павле

Life
Advertisement

Advertisement

Синоќа повторно дошло до разгорување на пожарот на Беласица во близина на селото Смолари, при што истиот интензивно се приближил кон црквата Св.Петар и Павле.

„Веднаш после првите повици од жителите на селото Смолари ТППЕ Струмица испрати екипа од пожарникари-спасители кои и покрај тешко пристапниот терен успееа да дојдат до фронталната линија на пожарот и да го спречат неговото движење во тој правец.

Advertisement