ФОКУС ОБЈАВУВА: Оваа жена ќе биде заменик претседател на СДСМ, беше директорка на СОРОС МАКЕДОНИЈА

ФОКУС ОБЈАВУВА: Оваа жена ќе биде заменик претседател на СДСМ, беше директорка на СОРОС МАКЕДОНИЈА

Life
Advertisement

Advertisement

Откако на чело на СДСМ дојде Зоран Заев во 2013 година, беше воведена функција заменик-претседател, која првично ја вршеше Радмила Шекеринска, а потоа на нејзино место дојде Сања Лукаревска. Иако долго време има различни размислувања на Бихаќка дали оваа статутарно предвидена партиска функција да се укине, сепак, тоа нема да се случи и со доаѓањето на Венко Филипче на лидерското место, наследувајќи го Димитар Ковачевски. На утрешниот Конгрес на СДСМ, според неофицијални информации на „Фокус“, Филипче за заменик-претседател ќе ја предложи Фани Каранфилова-Пановска, која долго време е активна во граѓанскиот сектор, а меѓу другото, беше и директор на Фондацијата Отворено општество-Македонија. Освен заменик-претседател, социјалдемократите на утрешниот Конгрес ќе избираат и Надзорен одбор, кој во текот на следната недела треба да избере нов Извршен одбор, по што ќе следува и избор на потпретседатели, генерален секретар, организациски секретари… –На конгресот ќе се изберат членови на највисокото партиско раководство, како и одлуки за новите политики во иднина. За сите детали и сите имиња, јавноста ќе биде известена утре – изјави денеска портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

Advertisement