Advertisement
Advertisement
Вчера беа исплатени 4.574 одгледувачи на млеко со вкупна сума од 292.614.813,00 денари.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денес објави дека реализираната исплата е за произведено и доставено кравјо, овчо и козјо млеко, согласно Програмата за финансиска поддршка во агрокултурата за 2024 година, за временската рамка јули-декември 2023 година.
Advertisement