Advertisement
Кражба како на филмовите во Тетово, со пиштол се украдени пари од брза пошта
Advertisement
На 21.08.2024 година, во 20:45 часот, на улицата „Иво Лола Рибар“ во Тетово, полициски службеници од СПБ Тетово ги привеле А.Ш (19) и Х.Ш (22) од Тетово. Тие се осомничени дека од возилото што го товареле пред објект на приватна фирма – брза пошта во Тетово одзеле три коверти со пари и документи, заканувајќи се со огнено оружје на вработен и уште едно лице.
При апсењето, кај Х.Ш. бил пронајден и одземен нож. Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Advertisement