Секој во животот заслужува втора шанса за среќа, бидејќи најважна е љубовта. Кога љубов има се има… Љубовта која се роди меѓу пејачката Анета Љумакоска и музичарот Рубин Размоски пред неполн месец се круниса со брак. Заедно низ животот, заедно приватно, а заедно и професионално, бидејќи се во ист бенд. И веднаш по склопување на бракот тие заедно настапија на последното издание на Фолк фест „Валандово“, каде за Канал 77 прв пат прозборија за приватноста. Прозборија за нивната љубов, среќа и брак.
-Нам секој ден ни е среќен. И кога правевме матично не гледавме тоа да биде среда, нели важи за среќен ден, случајно се погоди, бидејќи чекавме да ни дојде деверицата од Америка, а кум ни е Александар Талевски – Карма, нашиот тапанар во групата. Склопувањето на бракот беше во најтесен круг луѓе, симболично да ја официјализираме љубовта и официјално да бидам Анета Љумакоска Размоски. Љумакоска е ретко презиме, си го сакам презимето од дете. Сите ме знаат така, па јас така и почнав. И сега сакав да си го заржам, но и да го земам неговото презиме, рече Анета, а на тоа се надоврза Рубин:
„Јас инсистирав таа да си го задржи презимето“.
Анета и Рубин велат дека во Општина Битола сега го склопиле само граѓанскиот брак, а свадба ќе се случи прва прилика кога ќе бидат слободни, бидејќи летово пред нив се веќе закажани настапи. Па поради пребукираноста големата свадба, за која се уште не одлучиле каде ќе ја направат ќе се биде најверојатно на есен.
Засега најважна е љубовта меѓу нив двајца, за која велат дека се случила сосема спонтано.
-Музиката не поврза. Ние сме колеги. Сфативме дека навистина сме еден за друг, дека токму тој ми е потребен за да бидам успешна, за да бидам сакана, да се почувствувам и како човек и како жена. Насмевката е нешто што најмногу ме привече кај него иако можам да кажам буквано-се! Јас во еден момент кажав дека е совршен човек, совршен маж, баш тоа што ми треба со се на себе. Буквално со се, вели Анета.
Кога санува збор за љубовта ниту Рубин не ги штеди зборовите.
-Љубота нема граници. Анета ме освои со се. Пред се нејзиниот изглед, но најмногу нејзините очи, призна тој.
И двајцата почувствувале дека има повод за да го направат чекорот еден кон друг. Велат дека и двајцата ја почувствувале хемијата и енергијата која се родила меѓу нив.
-Речиси заеднички го напрвивме првиот чекор. И бевме сигурни дека тоа е обострано и дека ќе ни биде возвратено. Бевме серизони уште на самиот почеток, нашите планови за се ова што го релизиравме, беа уште на почетокот. Нема потреба да се криеме. Иако криењето многу мал период траеше поради одредени работи. Ние сме јавни личности, комуницираме со голем круг луѓе и не може да се криеме, вели тој, а Анета додава:
„Љубовта не се крие, на срцето не можеш да му наредиш. Затоа одлучивме многу брзо. Нема што да се крие повеќе, ние сме сериозни, сакаме да продолжиме заедно до крајот на животот“.
-Бевме навистина сериозни во одлуките и затоа немаше што да се крие. Со Анета навистина се се случи спонтано. Шеги, мајтапи, насмевки. Полека полека се роди љубовта, кажа Рубин.
„Одсекогаш ми бил мил, ми бил драг, позитивен, насмеан и му се восхитував. Секогаш имаше нешто потајно меѓу нас, вели Анета.
Анета и Рубин работеле во различни бендови, но после се тие се споија во еден бенд, кој го нарекоа „Анета бенд“. За ова имат подршка од сите колеги во бендот.
-Тоа што се споивме со сите колеги од претходниот бенд е доказ дека навистина имаме поддршка. Но, требаше со колегите малку да бидеме раздвоени за да видиме дека не можеме едни без други. Дека треба да бидеме тим. Така и се случи, вели Анета.
После се нивниот дом сега е Битола иако не знаат каде во иднина ќе ги однесе работата. Тука ја градат нивната љубов и…?
-Проширување на семејството? Дај Боже, зошто да не. Не сме против тоа. Ќе работиме на случајот, велат со насмевка и двајцата едногласно, а Анета се наддоврзува:
-Ние од почеток сме заедно исклучиво поради љубовта. Сакаме да сме заедно. Двајцата сме реализирани како родители. И да биде и да не биде ние секогаш ќе сме заедно. Тоа не е пресудно за да проолжи цврсто нашата врска понатаму. Ако даде Господ фала му, би сакале, рече Анета.
Љубовта меѓу Анета и Рубин колку и да беше силна, сепак, на почетокот помина низ многу искушенија и озборувања, кои на тест ја ставија нивната врска. Но, за разлика од многу кои не успеале, тие двајцата продолжија цврсто држејќи се за раце.
-Поминвме низ многу трње. Само гледавме напред и не слушвме никакви коментари и озборувања. Кучињата си лаат, караванот си врви. Некој ако се обидеше нешто да ни каже не сакавме да слушаме, не не интересираше. Нашата цел сакавме да ја оствариме. Нека зборуваат. Ако не зборуваат за тебе значи дека не постоиш. Многу луѓе го трпат животот и си велат дека не би истрпеле ваква тортура и озборувања и си седат кај што се, ни чекор напред. Нека седат. Ние одлуивме вака, силни сме и љубовта секогаш ќе победи. Имаме слога и довреба. Довербата е најважното нешто, вели Анета, на што Рубин се надоврза:
-Те сакам со зборови не е доволно. Тоа се докажува со дело, а ние докажавме, објасни Рубин.
И двајцата се сложуваат дека љубовта ја прават ситни нешта, па така и тие се трудат низ секојдневниот живот да си покажуват колку се сакаат.