Advertisement
Македонската полиција, засилена со специјалци, утрово во Скопје, Битола и Ресен, при претреси на повеќе локации, лишила од слобода повеќе од 15 лица.
Advertisement
При претресите биле пронајдени поголемо количество муниција и други предмети поврзани со кривични дела.Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека во тек се претреси, а за целта на оваа голема полициска акција и за крајниот исход од претресите повеќе информации најавуваат во текот на денот.
Advertisement