Advertisement
МВР празнично казни 542 возачи за брзо возење
Advertisement
Во засилена контрола што ја спроведе МВР во текот на вчерашниот ден казнети се дури 542 возачи поради брзо возење на територијата на Македонија.
Од нив 39 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, a седум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 325 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 217 надвор од населено место.
Advertisement