Advertisement
Advertisement
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска имаше средба со раководителка на Одделението за Западен Балкан при Европската служба за надворешни работи, Зузана Михалцова Шутиакова.
Во фокусот на разговорот беа македонската европска перспектива, тековниот процес на приближување кон Европската унија, како и актуелните безбедносни и стабилизациски предизвици во регионот.
Advertisement