Со пчелите почнала да се занимава уште на 12 години, заедно со своите тројца браќа. Вели дека биле сиромаси и не можеле да купуваат храна, па решиле сами да почнат да си одгледуваат пчели. Нејзиниот дедо (таткото на мајка ѝ) одгледувал пчели.
– Дедо ми, таткото на мајка ми, имал пчели, но јас не го ни запознав. Мајка ми многу ми раскажуваше за него. Во тоа време секоја куќа чувала колку за јадење да има.
Немало благо како сега во изобилство. Сокови, чоколади, бонбони јас пробав пред некоја година. Некои гледаа пчели, па имаа мед, други вареа тикви, а некои пукаа пуканки.
Ама отсекогаш се сметало дека каде што има пчели, има и богатство, односно храна. Како деца купивме една тегла мед, ама сфативме дека нема да ни биде доволна. Така ни дојде идејата да почнеме со пчеларството да си правиме колку да имаме за јадење – вели Атиџе.
Таа има тројца браќа, од кои едниот живее во Дорфулија, другиот во велешкото село Кочилари, а од третиот брат има внуци во Валандово. Вели дека од нив добила поддршка за снимањето на филмот.
Атиџе деновиве со нови проблеми. Низ плач објасни што и направил соседот, а пренесе порталот ММС.
-Ми го украде цел алат, ми крши по дома. Плаче брат ми како мало дете, неможам да го смирам. Ве молам помогнете ми. Ако соседот не е добар со умот, нека биде институционализиран!
Порача таа да дојде на разговор во општината, каде службите ќе и помогнат да се изготви барање за одобрување на финансиски надомест, кој потоа, доколку се изгласа на Совет,
Атиџе ќе може да го искористи за ангажирање на правно лице, кое би и помогнало во судските процедури, со цел да добие заштита, односно, како што самата бара, забрана за приоѓање од соседот, пренесува Фокус.