РАСКОЛ ВО ВЛЕН: Министерот Лимани ги напушта сопартијците и оди во ВМРО-ДПМНЕ!?

News

Сериозни политички турбуленции ја тресат коалицијата ВЛЕН откако министерот Фатмир Лимани направи потег кој се толкува како дефинитивно вртење грб.

Наместо на состанок, отиде на забава кај партнерите

Јазот стана очигледен денеска кога министерот за социјална политика не се појави на важниот координативен состанок на неговата коалиција. Додека колегите од ВЛЕН заседавале, Лимани бил виден на новогодишен коктел во Кичево, организиран од ВМРО-ДПМНЕ.

Ултиматум до премиерот Мицкоски

Извори од коалицијата тврдат дека трпението е при крај бидејќи Лимани подолго време не ги почитува нивните инструкции. ВЛЕН веќе испратиле две опции до премиерот:

  1. Лимани веднаш да биде разрешен од министерската функција;

  2. Официјално да премине во ВМРО-ДПМНЕ и повеќе да не се смета за кадар на ВЛЕН.

Останува нејасно дали ова е почеток на поголемо престројување во владината коалиција или изолиран случај на еден министер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *