Advertisement
Advertisement
Вработените од друштвата Флораком и Луна, кои се фирми-ќерки на Паркови и зеленило – Скопје, денеска, на протест го изразија својот револт преку блокирање на булеварот Илинденска, поради неисплатени плати. Како што информираше Стојанче Кашиковски, раководител на Синдикатот на СУТКОЗ, на работниците од овие две фирми не им е исплатена плата за јуни месец и се оставени без здравствено осигурување.
Advertisement