Македонија е потресена од авионска несреќа сред бел ден – мал авион се срушил во Мавровското Езеро, потврдува Центарот за управување со кризи (ЦУК), пренесува ТВ21.
Според директорот на ЦУК, Мухамед Али, во авионот имало две лица, од кои едното е повредено.
„Мал авион се сруши во Мавровското Езеро. Во него се наоѓале две лица, од кои едното е повредено. Инцидентот беше пријавен на итниот број 112, а информацијата веднаш беше проследена до полицијата во Тетово, Итната медицинска помош и Регионалниот центар за управување со кризи за брза интервенција“, изјави директорот на ЦУК.
Надлежните служби се на терен и работат на целосно расчистување на околностите на несреќата.