Екстремното загадување на воздухот во Скопје не е само статистика – тоа е реална здравствена криза. Линијата 194 е под опсада, а најчесто во паника се јавуваат хронично болни, астматичари и лица со респираторни проблеми.
„Ова не важи само за хронично болните, туку и за здравите луѓе, а најмалку за децата“, предупредуваат докторите.
Совети за преживување во густ смог:
-
Бегство на планина: Искористете викенди и слободни денови да заминете на повисоки места.
-
Останете дома: Движењето надвор сведете го на минимум.
-
Заштита: Доколку излегувате, носете заштитна маска N95/KN95.
По два последователни дена надминат праг на алармирање, надлежните ги активираа итните мерки и препораки.
Препораки за работодавците:
-
Ослабување од работни обврски за бремени жени, лица постари од 60 години и граѓани со хронична астма или по срцев/мозочен удар.
-
За работници на отворено, препорака е работното време да се реорганизира помеѓу 11:00 и 17:00 часот.