Британски министер се пофали дека ги депортираат Албанците, а Тирана врати со протестна нота

news
Advertisement

Поради коментари на британскиот министер за имиграција Роберт Џенрик, Албанија упати протестна нота.

Advertisement

Албанија испрати протестна нота до амбасадорот на Велика Британија поради „говор на омраза“. Џенрик ги коментираше илегалните мигранти.

„Со оваа протестна нота сакаме да ја изразиме нашата загриженост поради неодамнешните изјави кои ги дискриминираат Албанците“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Албанија.

На 13 јануари, британскиот министер Роберт Џенрик објави видео снимено во центарот за депортација, каде тој ги пофали вработените во центарот, кои рече дека неуморно работат на „пронаоѓање и апсење на Албанците, да ги стават во автобуси, да ги однесат на аеродром и да ги вратат назад во Тирана“.

Албанската министерка за Европа и надворешни работи, Олта Џачка, реагираше на изјавата на британскиот министер за емиграција, Роберт Џенрик, кој изјавил дека „Албанците-криминалци треба да се истераат од Обединетото Кралство”. Таа вели дека ова е вербален линч.

Албанците претставуваат 42 отсто од сите мигранти кои се обиделе да стигнат до Обединетото Кралство помеѓу мај и септември 2022 година. Тие патуваат со чамци до Британија. Британија бараше Албанија да ги запре своите граѓани.

Џенрик лани во декември, бараше државата да забрани Албанците да добиваат азил.

Албански имигранти кои се обидувале со гумени чамци да заминат во Обединетото Кралство преку Ла Манш во Франција лани во ноември се судрија со француската полиција.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.