Руски пилот добил отказ затоа што направил секс снимка со кадетка во пилотската кабина.
Училиштето за летање на цивилното воздухопловство во Сасово ги отпуштило инструкторот по летање и неговата ученичка затоа што го префрлиле авионот на автопилот за да можат да се снимаат како имаат секс.
Оженет 28-годишен пилот убедил 21-годишна приправничка да има секс со него во замена за дополнителни часови по летање. Двајцата биле во пилотската кабина на Цесна 172 во рускиот федерален регион кога ги снимале нивните лудории, наведува локалниот весник Газета.
Школата за летање во Сасово ги исфрлила откако другите ги препознале на видео објавено на интернет. Локалните медиуми објавија дека инструкторот, кој бил оженет, ја убедил ученичката да има секс со него, откако тој и ветил дека ќе и даде дополнително време за летот.
Таа, наводно, првично одбила бидејќи тој бил оженет, но подоцна попуштила кога тој понудил дополнителни лекции.
На прашањето што се случило, младата жена тврдела дека бил вклучен автопилотот а тие само се бакнувале и гушкале. Таа подоцна тврдела дека тоа било еднократно и никогаш повеќе не се случило.
Скандалот излезе на виделина кога таа се скарала со еден од нејзините колеги кадети, кој потоа решил видеото да го објави на интернет за да се одмазди, јавуваат локалните медиуми.
Фото: Принтскрин/Twitter
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари