Вјоса Османи: Украина ќе ја признае независноста на Косово кога ќе извојува победа над Русија

news
Advertisement

Косовската претседателка Вјоса Османи денеска во Тирана изрази уверување дека Украина ќе ја признае независноста на Косово кога ќе победи во војната против Русија.

Advertisement

Пред почетокот на Самитот за Украина, кој се одржува во Албанија, таа рече дека Косово ја разбира несекојдневната ситуација во која сега се наоѓа украинскиот народ.

– Тоа се билатерални прашања. Ние секогаш сме упатувале такво барање (за признавање на независноста) и ќе продолжиме да го правиме тоа со целосно разбирање дека Украина е во вонредна состојба, војна и се бори за својата слобода, својата независност и вредностите кои се толку важни за сите од нас… Убедена сум дека тој момент ќе дојде заедно со победата на Украина, оцени Османи.

Таа го оцени овој самит како важен и додаде дека на него ќе се повтори поддршката на Косово за Украина.

„Важно е затоа што ќе имаме можност како вреден сојузник да ја обезбедиме сета наша поддршка за Украина, како што правивме од првиот ден на руската неиспровоцирана и незаконска инвазија на Украина, со воведување санкции, поддршка на граѓаните на Украина, поддршка за украинската армија. И отсега тоа ќе го правиме

– Денеска на Самитот ќе зборувам за конкретните чекори што Косово ги презема во таа насока и секако дека ќе бидеме тука додека Украина не победи“, потенцираше Османи.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *