Дали е уапсен Л.П.-Палчо во Хрватска? Веста е…

news
Advertisement

Неколку македонски портали, повикувајќи се на информации на српски медиуми напишаа дека познатиот новинар Л.П.-Палчо по кого трага МВР е уапсен во Хрватска. Информацијата не е вистина, и е поврзана со друг случај.

Advertisement

Во врска со ова, фејсбук статус напиша и познатитот новинар Петрит Сарачини.
ПОЗНАТИОТ“ АДВОКАТ ШИРАЧ НА ЛАЖНИ ВЕСТИ
Фејсбук статус на Петрит Сарачини

Еден „познат“ адвокат на неговиот профил шири лажна вест од српски портал дека убиецот на Вања е уапсен во Хрватска. Се работи за старо апсење на еден од осомничените, кое српскиот портал го „препакува“ за ловење кликови и ќар од трагедијата. А „познатиов“ адвокат си го шири на свој профил, со извичници со чуда, си нема гајле.
Утре-задутре, „познатиов“ адвокат ќе го видите пак како виси како редовен гостин по емисии и дебати на национални телевизии, дава јаки и стручни изјави за портали, абе експерт невиѓен, ем радо виѓен гост во „истакнати“ новинарски кругови, дури и на новинари обуки да им држи го викаат.
Толку за „познатиот“ адвокат, и за новинарството што од него прави „голем“ експерт.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.