Гостин во емисијата „Контрола со Ландов“ беше генерал-мајор Зоран Јовановски-Челик, директор на затворот Идризово, кој отворено зборуваше за лошите услови во затворот, иако нагласи дека во последниот период има одредени подобрувања.
Според него, раководството во изминатите три години повеќепати побарало финансиска поддршка од надлежните институции, но без успех.
„Што и да ни дадат, тоа го трошиме. За 2026 година нема буџет. Не се срамам што сум директор на ваква институција, но наскоро ќе си заминам,“ изјави Јовановски.
Тој тврди дека управата има контрола врз состојбата во затворот, но признава дека постојат случаи на злоупотреба меѓу осудениците.
„Нормално е дел од затворениците да ме мразат, бидејќи им го прекинувам ‘бизнисот’. Во Идризово имало и случај на силување на осуденик. Истражните органи ќе утврдат дали станува збор за проституција или силување. Имало и случаи кога машки затвореници се заљубувале меѓу себе,“ рече Јовановски.