ДРАМА, 84-годишник со нож нападнал жена во хотел пред очите на нејзиниот сопруг

News

Драма се случила во хотел во Куманово, каде 84-годишен маж со нож нападнал жена пред очите на нејзиниот неподвижен сопруг, со намера да ја убие, според наводите.

Инцидентот е од 4 декември. Осомничениот наводно влегол во објектот кога друг гостин отворал врата, стигнал до собата на жртвата и при обидот таа да го спречи да влезе, ја удрил со нож во пределот на главата.

Според обвинителскиот акт, трагедијата била спречена кога на напаѓачот му паднал ножот, жртвата почнала да вика за помош, а нејзиниот син излегол од соседна соба и го спречил.

Судија на претходна постапка му одредил притвор на 84-годишниот осомничен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *