Државата воведува најстроги правила досега против пушењето!

News

Државата подготвува сериозно заострување на политиките против пушењето цигари и тутунски производи, предвидено со новиот Нацрт-закон за заштита од пушење, кој официјално е објавен во електронскиот регистар.

Предлог-законот предвидува целосна забрана за пушење во сите јавни и работни простории, како и строги ограничувања за рекламирање, промоција и спонзорирање од страна на тутунската индустрија. Дополнително, се воведуваат правила за продажба, прикажување и изложување на тутунски и никотински производи.

Со законските измени, пушењето ќе биде забрането и во објекти и возила што се користат како работни места, во сите видови јавен превоз, како и на аеродроми, автобуски станици, езерски пристаништа и постојки за градски и приградски превоз.

Новина е и целосната забрана за пушење во приватно возило доколку во него има дете.

Предвидените казни се високи – од 2.000 до 5.000 евра за правни лица, додека физичките лица ќе се соочат со глоби од 150 до 300 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *