Еден загинат, жена тешко повредена во несреќата утрово кај Тајмиште

news

Едно лице загина, а друго е тешко повредено во тешката сообраќајка што рано утрово во 06.35 часот се случи на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај „Тајмишка раскрсница”.

Advertisement

Како што соопшти портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „Mан”, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(56) од Гостивар и патничко возило „Хјундаи”, со скопски регистарски ознаки.

На местото на несреќата починал возачот на возилото „хјундаи“, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Кичево и се работи на утврдување на идентитетот на лицето. Со тешки телесни повреди се здобила Р.К.(42) од Скопје, сопатничка во истото возило, констатирани во Ургентниот центар во Скопје, информираат од МВР.

Увид извршија Јавен обвинител и полициски екипи./republika.mk/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.