По признавањето на директорот на АНБ дека има направено пропуст во однос со издавањето на патната исправа на спорниот Украински политичар кој се бара од матичната држава од 2016- та, премиерот Ковачевски не отстапува од барањето за одговорност, а одговорот за причините треба да ги даде истрагата што треба да се спроведе во АНБ.
Потпретседателот на опозициската ВМРО Александар Николовски коментирајки за случајот со Онишченко од Велес, не бил изненаден од работењето на сдсмовските кадри и Олександр не бил единствен случај за давање македонско државјанство на сомнителни луѓе.
Сослушувањето за случајот на директорот на АНБ Виктор Димовски пред комисијата вчера беше прекината по пренос на аудио од состанокот на собраниската комисија за надзор на Ју Тјуб, што беше оценето како нов безбедносен пропуст во собранието.
Сега се очекува ново сослушување за оваа недела. Аферата со политичарот од Украина кој е на црната листа на САД стратешкиот партнер на Македонија освен наш пасош се има стекнато и со руско и германско државјанство.
Инаку како и што обелодени претседателот Пендаровски во 24 анализа реакција до него а најверојатно и до Владата имало и од американската амбасада од каде се прашувале како е можно тоа да се случи.