Денес охриѓани ќе се простат од прерано починатиот фотограф и продуцент Кристијан Љушев. Неговиот погреб ќе се одржи денес, на 14 јануари, а почина на 12 јануари, во несреќа што се случи во зграда во изградба.
– Ангелите можеби не доаѓаат секогаш кога ги повикуваш, но секогаш се покрај тебе кога ти требаат. Ти си сега дел од нив и нека Те чуваат во рајот…, пишува на некрологот што го објави ужаленото семејство на младиот фотограф кој почина на 12 јануари…
Младиот фотограф и продуцент од Охрид, Кристијан Љушев, почина на 28 годишна возраст во трагичен настан.
Младиот фотограф зад себе остави бројни проекти, а соработуваше и со многу наши познати естрадни уметници. Беше активен на социјалните мрежи, како и на неговата страница Шпанец продукција, каде објавуваше своите проекти.
На неговиот официјален Фејсбук профил се уште стои една фотографија од ова лето, а под која е објавен еден коментар од негов пријател заради кој сега на многумина им се насолзуваат очите.
„Жив си, добро е“, пишува под неговата последна фотографија објавена во август оваа година на Фејсбук.
