Крај на драмата на Балканот: Познат гастрономски магазин пресече, еве каде во регионот се јаде највкусна храна

Крај на драмата на Балканот: Познат гастрономски магазин пресече, еве каде во регионот се јаде највкусна храна

news
Advertisement

Крај на драмата на Балканот: Познат гастрономски магазин пресече, еве каде во регионот се јаде највкусна храна

Advertisement

И покрај тоа што Македонија е позната по својата вкусна, традиционална и пред сè здрава храна – особено кога станува збор за зеленчукот, таа не се најде на новообјавената листа на најдобри гастрономски градови во светот, според порталот Taste Atlas.

Очекувањата беа големи, бидејќи македонската кујна се истакнува со автентични јадења, локално производство, богати вкусови и гостопримлива трпеза. Сепак, оваа година нашите градови останаа надвор од глобалниот избор.

На листата доминира Италија – сосема заслужено, со Неапол на прво место, а веднаш зад него се Милано, Болоња и Фиренца. 

Големо изненадување е индискиот Мумбај кој го зазема петтото место, а веднаш потоа следат Рим, Париз и Виена.

Pexels 

Од Балканот, убедливо највисоко е рангирано Сараево, кое се најде на високото 46. место. Загреб е на 59. место, Белград на 68., а Трст го затвора списокот на 100. позиција.

Покрај оваа ранг-листа на градови, Taste Atlas објави и рангирање на најдобрите национални кујни, каде што Србија е на 15. место, пред Хрватска која е на 17. позиција. Македонија, за жал, и таму е изоставена.

Advertisement