Лејла Рамковска во срцето на античката Матера: „Да се прошеташ низ овој град е како да чекориш низ 9.000 години историја“

Лејла Рамковска во срцето на античката Матера: „Да се прошеташ низ овој град е како да чекориш низ 9.000 години историја“

news
Advertisement

Лејла Рамковска во срцето на античката Матера: „Да се прошеташ низ овој град е како да чекориш низ 9.000 години историја“

Advertisement

Лејла Рамковска со својата последна објава на Инстаграм ги воодушеви своите следбеници, споделувајќи магични моменти од патувањето во Матера, Италија. „To walk in Matera is to walk through 9,000 years of history“, напиша таа, опишувајќи го уникатното чувство кое го доживеала во овој древен град.

Матера, позната по своите „Саси“ – камени куќи издлабени во карпите, е под заштита на УНЕСКО и претставува едно од најстарите населби во светот. Лејла сподели фотографии во кои се гледа како ужива во амбиентот на оваа живописна локација, каде што секој агол раскажува приказна за минатото.

Со елегантен стил и природна насмевка, таа ја донесе атмосферата на Медитеранот поблиску до своите следбеници, потсетувајќи дека патувањето е најубавиот начин да се збогати душата и да се создадат спомени што траат вечно.

РЖМ/ИС – ФОТО: Официјален инстаграм профил Лејла Рамковска 
Advertisement